Вила ” Sakis ” – Tорони

1206

Торони е селце кое се наоѓа југозападно на вториот крак Ситонија. Оддалечено е 142 км. од Солун и 222 км. од македонската граница. Главно луѓето се занимаваат со туризам, риболов, земјоделие. Во самото селце живеат околу 250 луѓе, а во областа Торонеос околу 4.000. Последните години ова мало туристичко место се развива и прераснува во вистинска летна, туристичка дестинација. Има прекрасна вегетација, кристално чисто море и песочна плажа.

Студијата/ апартмани “Sakis” се лоцирани на само 20-30м. од плажа, истите се стандардни, уредни и чисти, секоја соба има комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред, бесплатен интернет и тераса.

Приземје + 1 кат + 2 кат
Капацитет: 5 соби од 30 во целиот објект
Оддалечност од море: 20-30 метри
Структура:
Двокреветни студија на приземје, брачни кревети каде е сместена и комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима.
Трокреветни студија на прв и втор кат, брачен и единечен кревет каде е сместена и комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима.
Четворокреветен апартман со две одвоени спални соби, два тоалета и одвоена комплетно опремена кујна, тераса, тв, интернет, клима.
Забелешка: Се наоѓа во мирен дел на гратчето.

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, плаќање исклучиво во денари
  • Вонсезонските цени се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вкучен автобуски превоз
  • За користење на сопствен превоз, се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, од вонсезонските цени
  • Сезонските цени се за наем на цело студио/ апартман, 9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и завршување на аранжманот
  • Тргнување од Скопје во 03.00 часот, состанок на групата во 02.30 часот, за оние кои користат организиран автобуски превоз, истиот чини:
    • Возрасни 2.170мкд. (35 евра)
    • Деца до 12 години 1.550мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Максимум дозволено, сместување на едно дете до 6 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ