Вила ” Sarti Beach “- Сарти 2018

1641

Вила  “Sarti Beach”Сарти

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна, песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина на јмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. Од Солун и 240 км. Од македонската граница.
Трикреветно студио се состои од еден француски и еден единечен кревет, четирикреветниот апартман има еден француски и два единечни кревети во делот каде што е сместена и кујната, се наоѓаат на приземје во хотелската зграда. Четирикреветни дуплекс апартмани, со по две одвоени спални соби, во секоја по два единечни кревети. Имаат комплетно опремена кујна, тоалет, голема тераса со директен поглед на море, ТВ, интернет (се доплаќа) и клима (се доплаќа). Истите се на 1, 2 и трет кат во објектот. Комплексот има во својот состав базен и бар на плажа.

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7,9,10 или 12 ноќевања и автобуски превоз.За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.
  • Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  7 ноќевања
  • Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг , превозот не се одбива од истите
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно,без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.