Вила ” Savas “- Неа Флогита 2020

191

                                       Вила  САВАС – Неа Флогита 

 

Неа Флогита се наоѓа на само 59 километри од Солун, односно 160 километри од македонско-грчката граница. Неа Флогита одличен избор за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна атмосфера во споредба со останатите популарни туристички места во Грција.

Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен. Се наоѓа на само 5 минути возење од Неа Модања, градче кое е комерцијален центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите сѐ што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.

Неа Флогита е позната по долгата песочна плажа и бројните патеки идеални за луѓето кои сакаат да шетаат. На самата плажа и низ местото има повеќе традиционални таверни, барови и ресторани кои ќе ги задоволат сите вкусови, а локалниот пазар изобилува со свежи производи во секоја сезона.

Локација:       САВАС 2 на сама плажа – во близина на најубавата плажа Pastazi beach.

                          САВАС 1 на сама плажа на плоштадот во Неа Флогита во самиот центар.

Сместување:   убаво уредени 1/5 Aпартмани  и 1/6 дуплекси на први, втори кат и приземје.

Опременост: ТВ, опремена кујна,тераса, WI-FI, клима уред(вклучена во цената) и сопствена бања.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ (7*) , вклучуваат наем на АПП и превоз по лице.

Сместувањето за трето и четврто лице во 1/6 и 1/4 АПП е БЕСПЛАТНО,  плаќаат  само превоз.

Доколку се користи сопствен превоз  (7*),  цените се намалуваат за 10€ по лице

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН (9) превозот се доплаќа.

Превозот чини:

  • 35 € за возрасни ,
  • 25 € за деца од 2 до 12 години,
  • Деца до 2 години бесплатно

НАПОМЕНА:

  • Сместувањето во АПП е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на АПП  е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во АПП во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • За резервација задолжителна уплата на 30% аванс, во спротивно резервацијата се смета за неважечка
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. Весна Турс  и СКТМ !