Вила ” Sea View “- Неа Флогита 2020

751

           ВИЛА SEA VIEW – НЕА ФЛОГИТА 2020

Вилата ” Sea View ” е лоцирана на самата плажа во строгиот центар на Неа Флогита, наспроти најпознатата плажа ПАСТАЗИ. Располага со петокреветни апартмани кои имаат комплетно опремена кујна, купатило, WI-FI, клима(вклучена во цената) и простран балкон со поглед на море.

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Напомена:

  • Цените со* во апартманот се однесуваат по лице со вклучен превоз за минимум две лица, 3, 4, и 5, лице се сместува БЕСПЛАТНО доплаќа само превоз доколку го користи.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Сликите кои се објавени се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Користењето на клима-уред и  интернет е вклучено во цената, агенцијата не може да се гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција.