Вила ” Sofia “- Олимпик Бич 2019

1081

 Вила Sofia – Oлимпик Бич

Вила Sofia се наоѓа на сама плажа во Олимпик Бич на влезот кај автобуската постројка на само шеталиште каде има многу ресторани, таверни, продавници… Вилата располага со апартмани со една спална за 5 лица (брачен кревет во спалната и три единечни легла во дневната соба каде што е и кујната). Апартманите се убаво уредени и просторни со голема дневна каде што е и кујната, комплетно опремена.. купатило, тв, просторни балкони со директен поглед кон плажа и море и поглед назад во друга вила (апартманот што не е со поглед кон море). На располагање на гостите е бесплатен интернет . Апартманите се на I кат.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќат само превоз доколку користат;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 20m од вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.