Вила ” Sole A Mare “- Неос Мармарас 2020

641

Вила Sole A Mare – Неос Мармарас

Ситонија е паркот  на Халкидики каде љубителите на тишината и зеленилото ќе го најдат своето скривалиште, симфонија во  сино  и зелено, возбудлив пејзаж во кој туристите се сокриваат од гужвата и вревата. Полуостровот изобилува со преубави песочни плажи,  живописни мали пристаништа, напуштени  заливи недостапни од копно и непрегледни плантажи маслинки. Негова метропола е Неос Мармарас, сместен амфитеатрално  меѓу борова шума ,со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во  црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас. Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. Освен овие две најпознати плажи, околината изобилува со многу скриени заливи и уредени плажи идеални за пливање, од кои ги издвојуваме плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.

Вилата Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри. Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани на прв спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена: Во сите студија и апартмани дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.

     Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман

                                     (се плаќа во агенцијата)

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра