Вила ” Sole A Mare ” – Неос Мармарас

966

Вилата „Sole A Mare“ се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри.  Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра