Вила ” Spanos ” – Полихроно 2019

183

Апартмани “Spanos” – 2019

Приземје (приемен дел) + 1 кат + 2 кат 
Капацитет: 16 соби (8 на 1 кат + 8 на 2 кат), максимум 60 кревети
Оддалечост од море/ плажа: 150 метри
Структура: трикреветни и четворокреветни апартмани
Опис: 
Трикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден еднинечен кревет и мала, комплетно опремена кујна (одвоена), тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден единечен кревет и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со еден француски + еден единечен кревет, тераса
Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба се сместени кревети на спрат и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
Четирикреветни(дуплекси): во првата просторија е сместена (мала) трпезарија и кујна, тоалет и две одвоени спални соби со француски кревети, тераса од двете соби
Забелешки: просторни соби, тераси со лимитиран поглед кон друг објект, сопствен паркинг, интернет, клима(вклучена во цената), бесплатен интернет, тераси со лимитиран поглед кон друг објект, и тераса (заедничка) од влезната страна. има сопствен затворен паркинг.

За целосна уплата до 19.01.2019

15% ПОПУСТ!

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), За останатите превозот се доплаќа.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моменто
  • A.Весна Турс не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување,

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и Т.А Весна Турс .