Вила ” Spanos ” – Полихроно

1268

Полихроно, мало туристичко селце во кое живеат околу 1.000 луѓе во текот на целата година. Преку летото бројот на туристи е далеку поголем. На оддалеченост од 96 км. од Солун и 179 км. од македонската граница, сместено на првиот крак Касандра од источната страна, со поглед кон вториот крак, Ситонија. Долгото шеталиште покрај кристално чистото море изобилува со таверни, продавници, бутици, кафе барови, апартмани, хотели.

Апартмани “Spanos” се во нашата понуда веќе 13 години. Лоцирани во центарот на Полихроно, на околу 150м. од плажа. Имаат сопствен паркинг. Собите се со комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (јули и август), бесплатен интернет и тераса.

 

Приземје (приемен дел) + 1 кат + 2 кат 
Капацитет: 16 соби (8 на 1 кат + 8 на 2 кат), максимум 60 кревети
Оддалечост од море/ плажа: 150 метри
Структура: трикреветни и четворокреветни апартмани
Опис: 
Трикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден еднинечен кревет и мала, комплетно опремена кујна (одвоена), тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден единечен кревет и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со еден француски + еден единечен кревет, тераса
Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба се сместени кревети на спрат и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
Четирикреветни(дуплекси): во првата просторија е сместена (мала) трпезарија и кујна, тоалет и две одвоени спални соби со француски кревети, тераса од двете соби
Забелешки: просторни соби, тераси со лимитиран поглед кон друг објект, сопствен паркинг, интернет, клима .

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, плаќање исклучиво во денари
  • Првите два термина 08 и 15.05.2016 се цени по лице за 7 ноќевања со сопствен превоз
  • Вонсезонските цени се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вкучен автобуски превоз
  • За користење на сопствен превоз, се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, од вонсезонските цени
  • Сезонските цени се за наем на цело студио/ апартман, 9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и завршување на аранжманот
  • Тргнување од Скопје во 03.00 часот, состанок на групата во 02.30 часот, за оние кои користат организиран автобуски превоз, истиот чини:
    • Возрасни 2.170мкд. (35 евра)
    • Деца до 12 години 1.550мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Максимум дозволено, сместување на едно дете до 6 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенција

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ