Vila “STRATOS” – Пефкохори
Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во строгиот центар на Пефкохори, односно на пешачката улица од кружниот тек која води кон плажа. Вилата располага со 3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби, опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, голем балкон (масичка со столчиња) со поглед на шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет. Апартманите се на I кат.
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со*, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за патничко осигурување.