Вила ” Vasilis “- Скијатос 2018

626

Дел од групата острови Споради, кои се наоѓаат во Егејското море, Скијатос е најблизу до копното, на само 2 км. од Волос. Со траект возењето трае нешто повеќе од 2 часа. Главен, всушност и единствен град е токму Скијатос. Сите случувања, ноќниот живот, администрацијата, се е сконцентрирано во ова мало место, но навистина живо и полно туристи, од април до ноември. Прекрасната архитектура, типичните грчки таверни, бутиците, кафе баровите познати по забава до рани утра, природните богатства, сето тоа заедно го прави Скијатос, едноставно неодолив. Скијатос е со големина од околу 50 км2. и изобилува со голем број (повеќе од 50) прекрасни плажи. Скијатос, никогаш доста и никогаш доволно зборови за него, се што треба е, да се доживее.

Студијата “Vasilis” се во непосредна близина на “Memories”, оддалечени од нив околу 150 м. Исто така во мирен дел од градот, каде може да се одморите по целодневните прошетки и забава. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа) и тераса.

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, по лице за пакет аранжман од 7,8 или 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз на релација Скопје Волос (пристаниште) -Скопје, карта за траект Волос – Скијатос – Волос и трансфер до куќите
  • Плаќањето е исклучиво во денари
  • Дете до 12 години добива 50% попуст
  • Трето лице добива 20% попуст
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.790мкд. (45 евра) за возрасни и 1.550мкд.(25 евра ) за деца до 12 години.
  • Попустот за трето лице и деца важат само при сместување на минимум две возрасни лица во студио
  • Студијата во куќа Sunrise кои немаат тераса се со 10% попуст
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот, аранжманот започнува следниот ден
  • Автобуски превоз без аранжман по лице
    • Возрасни 6.820мкд. (110 евра)
    • Деца до 12 години 4.030мкд. (65 евра)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата
  • Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од Волос  до Скијатос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата.