Вила ” Vrahos ” – Каламитци 2018

499

Вилата Vrahos се наоѓа на само 20 метри од плажата во Каламитси. Вилата има апартмани на приземје, прв и втор спрат и е градена во традиционален стил, со долги заеднички тераси кои имаат директен поглед кон преубавиот залив. Во сопствен закуп имаме два пространи четирикреветни апартмани на прв и на втор спрат кои се целосно реновирани и одлично опремени. Минатата летна сезона сите наши гости беа презадоволни од овие сместувачки капацитети и условите кои ги имаа за време на своето летување. Апартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг, а гостите имаат на располагање заеднички двор на платформа и место за подготвување скара.

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години. 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра