Вила ” Zorbas “- Неа Флогита 2018

447

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во строгиот центар на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /3+2/, три легла во кујната и брачен кревет во спалната, долга и тесна тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартманите /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема тераса кон море. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (вклучена во цената во Јули и Август), како и бесплатен интернет. Апартманите  се наоѓаат на II кат.

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална /3+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата;

–  Клима – БЕСПЛАТНА во Јули и Август!!

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за клима – 5€ од ден во Мај, Јуни и Септември. Во Јули и Август е вклучена во цената;

–  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување