Кападокија – Велигден

226

                                        Мистичната Кападокија

Автобус 7 дена / 4 ноќевања

Термин – 28.04 – 04.05.2021

28.Април (среда)-СКОПЈЕ –  КАПАДОКИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Бугарија граничен премин Деве Баир.Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
29.Април (четврток)- КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме кон Кападокија.Пристигнување во пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот. Време за одмор, релаксација и слободни активности. Факултативна посета на црвената долина со прекрасниот залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe.
30.Април (петок)-КАПАДОКИЈА
Појадок. Заминување на факултативен разглед со локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од  пред  10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Регионот е исто така познат и по своите ракотворби, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Предвидена е посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Враќање во хотел.Вечера. Факултативна  посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани). Ноќевање.
01.Мај (сабота)-КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија,волшебно и незаборавно доживување(доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. По појадокот целодневен факултативен разглед со посета на подземниот град Кајмакли  еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Разгледот продолжува со посета на долината Ихлара –  кањон долг 16 км чии две страни се обиколени  со карпести цркви. Можност за кратка пауза за освежување во автентична чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, и можност да се вкуси свежа пастрмка на жар.  Продолжуваме кон манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање.
02.Мај (недела)-КАПАДОКИЈА-ИСТАНБУЛ
Појадок
 . По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Истанбул. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

03.Мај (понеделник)-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок.Напуштање на хотелот. Панорамски разглед  и посета на Ускудар и можност за факултативна посета на МОМИНСКА КУЛАкаде ќе го испиеме преубавото турско кафе покрај Босфор во некоја од монденските локални кафетерии во Ускудар,факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.По крстарењето можност за панорамска обиколка на Долма Бахче Сарај (обиколката е панорамска бидејки сарајотмузеј во понеделник не работи) – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка од непроценливо богатство и се наоѓа на крајбрежјето на Босфор.Долма Бахче Сарај била резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. а воедно и место каде  престојувал и починал основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк.Во вечерните часови во договор со групата се упатуваме кон еден од познатите истанбулски шопинг молови.Патувањето продолжува кон Македонија.Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.Патот не води преку Бугарија.
04.Мај (вторник)-СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 
                       ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:11.720 денари (189 евра)

              Цена за рана уплата до 25 Март: 10.480 денари (169 евра)

Цената на аранжманот вклучува:
  • Превоз со туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО на РСМ
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во Хотел ТОУРИСТ 4**** во Ѓореме или Хотел ДИНЛЕР 5***** во Урѓуп
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  • 1 ноќевање со појадок во Истанбул во Хотел 3*/4* (гратис од агенцијата)
  • Посета на шопинг центар
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
  •        Факултативна посета на црвената долина со залез на сонцето(солокаленводич)10 €
  •        Факлутатива од  тред  ден  со сите влезници и ручек опишана во програмата -45 €
  •  Факултатива од четврти  ден со сите влезници и ручек опишана во програма- 45 €
  •  Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени пијалоци, апетисани,трансвер – 30 €
  • Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони)Цена од 90 € до 150 €
  • Крстарење по Босфор -15 €
  • Факултативна посета на Долма Бахче(превоз+влезница+локален водич)-20
  • Посета на моминска кула (влезница+трансвер со бродче+локален водич) -8€
  • Туристичка такса 2 € од ден по соба(се плаќа во агенција)
  • Задолжителна уплата за панорамски разглед на Истанбул и посета на монденската населба Ускудар 10€(во агенција)
  • Задолжително патничко осигурување

 

  • НАПОМЕНА:
  • Калкулацијата е правена на пријавени 30 патнициили 50% од капацитет на седишта во автобусспоред прописи донесени од СЗО на РСМ и без ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија.
  • Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена .
  • Доплата за еднокреветна соба 3500 мкд.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 62 мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

  • Агенцијата  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.