Кефалонија 2018

669

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Програма :

1 ден –Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

 

2 ден –Плажа Антисамос

 

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

 

3 ден –Xi Orange Beach – Портокалова плажа

 

Се наоѓа на 40 км од главниот град на Кефалонија.

Оваа плажа е посебно интересна за посетителите заради портокаловата бојата на песокот, која што се добива од чудната комбинација на бојата на песокот со сончевите зраци.

Тука можете да уживате во некој од многуте барови и да се напиете некој освежителен коктел

 

4 ден –Крстарење по Островот Итака

 

Островот Итака се наоѓа на североисток од Кефалонија и е еден од 7 те Јонски остови со површина од 120 км2.

Според легендите Итака е родното место на Одисеј. Овде се пронајдени остатоци од куќа од осмиот век пред нашата ера што е период во кој се верува дека Одисеј живеел како крал на Итака.

Во последните години грчките медиуми изјавуваат дека ќе го претворат овој остров во мало “Монако” со супер луксузни хотели, вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

 

5 ден –Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

 

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од  заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да  посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

 

6 ден –Пештерата  Мелисани со подземното езеро

 

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

 

7 ден –Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака

 

 

Вила Кики

Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

Вила Алекос

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

Вила Астир

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

Цената на аранжманот вклучува:
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организиран целодневен излет до плажата Скала
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра,се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

 

Напомена:
  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената се намалува 30 евра.
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Цените одбележани со * не подлежат на попуст за рана резервација.

 

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос  е предвидено во попладневните часови.