Луковска Бања – 8 Март

24

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување: 

1.Ден  06.03.2021 (Сабота)      СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. ВечераНоќевање.

2.Ден 07.03.2021 (Недела)       ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, доколку временските услови се поволни, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. ВечераНоќевање.

3.Ден 08.03.2021 (Понеделник)   ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

                          Цена на аранжманот  – 129€/7.998мкд

Цена за најмалку 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација.

– Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).

– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување).

– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35C.

– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).

– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.

– Туристичка такса.

– Организација и реализација со туристички придржник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување.

– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:

– Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).

– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 70€/ 4.340ден (на барање).

– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).

– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање).

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

Напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 25 патници. 

– Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 5% доплата најдоцна до 3 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А.Весна Турс