Малдиви -Мај 2021

100

                                   Одмор на Малдиви – мај  2021
                    СОФИЈА – ИСТАНБУЛ – МАЛЕ – ИСТАНБУЛ – СОФИЈА
                              Датум: 02.05.2021 – 11.05.2021г.
                                           10 дена /7 ноќи

ПРОГРАМА:
1 ден /02.05.2021: Софија – Истанбул
Полетување од аеродромот Софија за Мале преку Истанбул во 21:30ч. со Turkish Airlines. Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 22:55 ч.

2 ден /03.05.2021: Истанбул – Мале
Полетување за Мале во 01:45 ч. Пристигнување во Мале во 11:55 ч. Пречек од партнерската фирма и трансфер до избраниот хотел со брз чамец, хидроавион или внатрешен лет. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

3– 8 ден /04.05.2021 – 09.05.2021: Малдиви
Сонце, бел стаклен песок, водите на Индискиот океан, стотици ненаселени островчиња, топли лагуни каде лежерно се прелеваат нијанси на сино, тиркизно и зелено, „подводни градини” од корали. Асоцијацијата што ја прави нашиот ум кога ги споменуваме Малдивите е егзотичноста, романтиката, релаксацијата и милувачката топлина што ни ги дава овој тропски рај. Ве уверуваме, ова е токму она што ќе го најдете овде.
За сите љубители на водните спортови и проучување на подводниот свет има возможност за дополнителни екскурзии од хотелите.

Веќе сте далеку од бучавата и стресот, веќе сте на вашето место, островот од соништата, заливот од соништата, романтичен филм и за чудо – вие сте главните ликови. Прошетајте околу вашиот речиси напуштен остров, галете ги водите на топлиот океан, нурнете во оваа жива вода, во која живеат повеќе од 700 видови риби. Во отворен океан можете да сретнете делфини, ајкули, џиновски скат.

9 ден /10.05.2021: Мале – Истанбул
Појадок. Слободно време за плажа и забава. Трансфер до аеродромот во Мале за летот на Turkish Airlines во 22:40 ч.

10 ден /11.05.2021: Истанбул – Софија
Слетување на аеродромот во Истанбул во 04:55 часот. Поаѓање за Софија во 07:50 часот и слетување на аеродромот во Софија во 09:05 часот..

HB – појадок и вечера

FB – полн пансион, без напитоци

AI – се’ вклучено

 Пакетната цена е во евра по лице и вклучува:

  •  Авионски билет Софија – Истанбул –  Мале – Истанбул – Софија со Turkish Airlines сo вклучен багаж до 40кг;
  •   Аеродромски такси;
  •   7 ноќевања во хотел по избор на Малдиви на соодветен пансион;
  •   Трансфери аеродром-хотел-аеродром со брз чамец, хидроавион или внатрешен лет;
  • Пречек на лице место на Малдивите на англиски или руски јазик.

 Цената не вклучува:

  •  Трошоци од личен карактер;
  • Храна, напитоци и услуги, неспомнати во програмата;
  • Осигурување

 Распоред на летови:

02.05 TK1030 Софија  2130 Истанбул 2255

02.05  TK 730  Истанбул 00145  Мале 1155

10.05 TK 731   Мале  2240 Истанбул 0455

11.05 TK1027  Истанбул  0750 Софија 0905

 Услови:

  •  Понудата важи при минимум 10 туристи.
  •   Патуването е без медицински барања за имунизација.
  • Цената на екскурзијата е калкулирана при курс на еврото 1 ЕУР =62 ден.;
  • Краен рок за известување за ненаплатен минимум – 30 дена пред поаѓање.
  • Депозит при резервација -250 евра.
  • Доплаќање до 30 дни пред заминување.

Рокови за откази и казни:

  •   Од денот по потпишувањето на договорот – 250 евра (единствен исклучок е обезбедување на позитивен тест за PCR или промена на летот од страна на авиокомпанијата)
  •   Од 29 дена до датумот на поаѓање, целиот износ на договорот

Откази без казни и враќање на средства:

  •   При отказ на патувањето од страна на ТА, износот се враќа во рок од 7 дена од денот на откажувањето;
  •   Во случај на неможност за патување поради забрана или ограничување поради епидемиолошка состојба поврзана со COVID 19, платениот износ се враќа во целост во рок од 14 дена од датумот на поаѓање.

Патниците имаат право да го раскинат договорот еднострано во кое било време пред почетокот на туристичкиот пакет, по плаќањето на соодветните износи во согласност со условите за откажувања и казни.
Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на негова сметка.

КОРИСНИКОТ има право да го пренесе своето право на патување на трето лице навреме според спецификите на дестинацијата, издавајќи авио билети на меѓународни летови и не подоцна од еден месец пред датумот на поаѓање, преземајќи обврска да му плати на ТУР ОПЕРАТОРОТ само на достасани износи, поврзани со можно повторно издавање на билети.