Сараево – Велигден

238

Програма на патување :

30.04.2021 (Петок)-СКОПЈЕ – САРАЕВО

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 18:00 часот. Поаѓање кон Сараево во 18:30 часот преку граничен премин Табановце, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

01.05.2021 (Сабота)-САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Баш Чаршија, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Парламентот, Олимписките борилишта… Сместување во хотел и слободно попладне за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.

02.05.2021 (Недела)-ВРЕЛО БОСНА

Појадок. Факултативно, посета на Врело Босна, сместен во подножјето на планината Игман, во селото Илиџа. Врело Босна е позната атракција која се состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци, омиленото место на сарајлиите. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и пауза за ручек. Ваќање во Сараево. Вечерта, факултативна вечера во ресторан со традиционална музика и можност да се пробаат босански специјалитети: ќебапи, босанска тава, баклава, кадаиф, туфакии. Ноќевање.

03.05.2021 (Понеделник)-МОСТАР

Појадок. Факултативно, поаѓање за Мостар, со попатна посета на разурнатиот мост на Неретва од Втората Светска Војна. Пристигнување во Мостар, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разглед на градот: Стариот мост, кулата Келебија, Саат кулата, Крива Чуприја, Старата Мостарска чарчија… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Сараево. Ноќевање.

04.05.2021 (Вторник)-САРАЕВО – ВИШЕГРАД – ДРВЕНГРАД – СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Скопје со попатна посета на Вишеград, посета на мостот Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Заминување кон Мокра Гора и посета на Дрвенград, изграден по идеја на Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот “Животот е чудо”. Поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Пристигнување во раните утрински часови наредниот ден.

За уплата до 25 Март: 6.760 денари (109 €)

Цена на аранжманот: 7.380 денари (119 €)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Aвтобуски превоз на наведената релација

-Сместување во хотел 3/4* на база 3 ноќевања со појадок во Сараево

-Разглед на Сараево со локален водич

-Разглед на Вишеград и Дрвенград

-Организација на ааранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Влезници во Вишеград и Дрвенград

-Факултативна посета на Мостар- 20€

-Факултативна посета на Врело Босна- 5€

-Патничко и здравствено осигрување

Напомени:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.

-За овaa програмa важат Опшите Услови на патување на Т.А.Весна Турс

-Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

-Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.