Тенерифе -Велигден 2021

393

                                   ТЕНЕРИФЕ за ВЕЛИГДЕНСКИ И МАЈСКИ ПРЗНИЦИ

                                                     лет од Софија-

                                                   01.05 – 08.05.21

                                                  8 ДЕНА / 7 НОЌИ

ПРОГРАМА:

01.05.21 – 1– ви ден –Поаѓање од аеродромот во Софија во 09.00 часот со директен лет до островот Тенерифе. Пристигнување на островот во 12,50 часот и трансфер до избраниот хотел. Информативен состанок со претставници на партнерската агенција со цел да ве запознаат со дополнителните екскурзии и доколку сакате да се пријавите за истите. Ноќевање.

02.05.21 – 2-ри ден-Појадок. Слободно време или доколку се длучите за екскурзија (со доплата) : Обиколка на островите (60 евра по лице) Ноќевање.

03.05.21 – 3-ти ден-Појадок. Слободно време или факултативна екскурзија: Патување со јахта (65 евра по лице). Полудневна екскурзија. Тенерифе е едно од ретките места во светот каде китовите и делфините престојуваат цела година. На едрилица – јахта, ќе уживате во целиот западен брег на Тенерифе, вклучувајќи ги карпите на Лос Гигантес, кои го представуваат најживописниот брег на островот. За време на ова патување ќе имате одлична шанса да видите китови и делфини во нивното природно живеалиште. Нашата живописна станица за пливање ќе биде на заливот Маск. Турата исто така вклучува ручек и бесплатен бар (пиво, вино, безалкохолни пијалоци).Ноќевање.

04.05.21 – 4-ти ден-Појадок. Слободно време или факултативна екскурзија до вулканот „Теиде“ – (40 евра по лице). Екскурзијата е половина ден. Оваа фантастична турнеја започнува со искачување од нивото на морето до 2370 метри во „Националниот парк Канадас“, каде што се наоѓа највисокиот врв во Шпанија. Пристапот ќе биде на јужната страна од островот, каде боровата шума ги следи течените лави кои се симнуваат од вулканот. Патувањето е низ различни пејсажи, сите со импресивен поглед и живописни села како Вилафлор (кое се смета за највисоко село во Шпанија), ќе стигнеме до „Канадас“, и тука ќе наидеме на импресивен лунарен пејсаж, кој е вклучен во многу филмови на Холивуд. Во подножјето на вулканот, на 3550 м. ќе имате можност да уживате во прекрасните погледи на „Долината Уканка“. Продолжувајќи понатаму, ќе поминете низ еден од најголемите кратери во светот. Лифтот не е вклучен во цената. Ноќевање. 

05.05.21 – 5-ти ден –Појадок. Слободно време или можност за патување до: Лоро парк (55 евра по лице) Паркот Лоро е светски познат, авантуристички и разновиден животински парк на Канарските острови. Откријте го Антарктикот на „Planet Penguin”, кој вклучува санта мраз со повеќе од 200 пингвини. Одвојте време за претставата „Orca Ocean” каде ќе уживате во силата и агилноста на китот убиец.Ќе бидете изненадени од акробацијата на делфините. Уште повеќе, морските лавови ќе ве насмеат, а папагалите со светли бои ќе летаат околу вас. И не заборавајте да прошетате по патеките со бујна вегетација, каде што ќе најдете птици и животни од целиот свет. Ноќевање.

06.05.21 – 6-ти ден-Појадок. Слободно време или можност за екскурзија: Остров Ла Гомера (94 евра по лице).Од пристаништето Лос Кристијанос стигнуваме до Сан Себастијан де ла Гомера, главниот град на островот. Поминуваме низ „Црквата Асунсион“ и „Ермитаж на Сан Себастијан“. Продолжуваме кон „Мирадор де лас Карбонарас“, каде ќе застанеме за фотографирање. Потоа ќе продолжиме кон „Ел Цедро“, кој поминува низ „Националниот парк Гарахонаи“, дел од УНЕСКО. Преку „Ла Палмита“ пристигнуваме во малото село „Лас Росас“, каде имаме пауза за ручек (вклучен во цена). Попладне, продолжуваме кон прекрасното село Хермигва, а потоа ќе се вратиме во Сан Себастијан, каде што ќе имате слободно време да ги посетите остатоците од тврдината на Кристофер Колумбо.

Вечера. Ноќевње.

07.05.21 – 7-ми ден

Појадок. Слободно време со можност за плажа или екскурзија: Замокот Сан Мигел (68 евра по лице). Замокот Сан Мигел е импресивна конструкција од 6000 квадратни метри и е направен од специјална карпа, кули со висина поголема од 16 метри и дополнителна површина од 20 000 квадратни метри.По пристигнувањето ќе го почувствувате автентичниот средновековен свет. Влезот е украсен со историски оклоп, мечеви од средновековната ера. Грофот, Дон Родриго и неговата ќерка, младата грофица, ќе ве пречекаат во замокот, ќе ве однесат во салата, каде што ќе се одржуваат битки и игри во присуство на кралското семејство. За време на турнирот ќе ве служат како за време на средниот век.  Ноќевање. 

08.05.21 – 8-ми ден-Појадок. Трансфер до аеродром за директен лет до Софија.Полетување во 15:оо ч., слетување во Софија во 22:30 ч.

Цената на пакетот вклучува:

  •  Авио билет за директен чартер лет Софија – Тенерифе – Софија, со такси и кетеринг
  • Чекиран багаж до 20 кг.
  • трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на соодветната услуга
 

Цената на пакетот НЕ вклучува:

  •  Дополнителни екскурзии , кои се резервираат и наплаќаат при резервација
  • Лични трошоци

Дополнителните екскурзии се опционални и важат за минимум 20 лица, бидејќи е можно да се промени редоследот на нивното реализирање, како и нивните цени, кои ќе бидат објавени на денот на пристигнување на островот!

Минимум за реализација – 16 лица. Рок за доплата на целата сума – 30 дена пред датумот на поаѓање.

Можно е да се променат часовите на летот, како и да се воведе данок на гориво доколку цената на горивото се промени!

Начин на уплата:

– Аванс во висина од 30%  од вкупната вредност на арнжманот.

– Доплата до 30 дена пред реализација.

Потребни документи:

-Меѓународен пасош, за деца под 18 години кои патуваат со еден од родителите или без родител, полномошно за патување заверено на нотар од едниот или од двајцата родители!

-Патниците имаат право еднострано да го раскинат договорот во кое било време пред почетокот на туристичкиот пакет, со следниве износи за откажување:

-Во случај на откажување на патувањето, агенцијата го враќа уплатениот износ со следниве одбивања:

– до 45 дена пред датумот на поаѓање: без пенали

– од 44 дена до 31 ден до датумот на патување: се задржува уплатениот аванс

– за помалку од 30 дена од датумот на патување: 100% од сумата на целиот договор

– Единствен исклучок е случајот на развој на епидемиолошката состојба и попречување на патувањето поради затворање на границите на Бугарија и Шпанија. Во овој случај, тур-операторот е должен да ја врати сумата што ја платил корисникот во рок од 14 дена по датумот на поаѓање.

-Тур-операторот го задржува правото да го смени времето на поаѓање доколку е потребно.

Вид на транспортни средства : Авион и автобус

-Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на негова сметка.

-КОРИСНИКОТ има право на време да го пренесе своето право на патување на трета страна според спецификите на дестинацијата, издавањето авио билети на меѓународните летови и не подоцна од 30 дена пред датумот на поаѓање.Агенцијата има право да побара дополнителни средства за доплата во висина на сумата колку што изнесува повторното издавање на авио билет.

Информации во врска со здравствените побарувања: заклучно со 04.01.2021 година, постои потреба за негативен тест за PCR за влез во Шпанија.

Патувањето генерално е погодно за лица со намаллена подвижност.