Хотел ” Babovic “- Чањ

664

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод. Престојот во Чањ надополнет со многубројните излети во неговата непосредна околина нуди можност за одличен одмор.

ХОТЕЛ БАБОВИЌ

На само 250м. од плажа се наоѓа хотелот Бабовиќ кој располага со модерно опремени  трокреветни соби.
Секоја соба има сопствено купатило, фрижидер, тв, клима и тераса.
Исхраната е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот песедува сопствен паркинг за своите гости.

Во цената е вклучено

  • КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
  • Цените се изразени во евра и се однесуваат на пакет аранжман по лице

(9 полу пансиони со вклучен превоз).

  • Прво дете  до 14 години плаќа 50 % од цената на аранжманот
  • Второ детe  до 14 години -ГРАТИС ( доплата за превоз 40 евра )
  • Дете до 5 години кое не користи кревет – ГРАТИС

( доплата за превоз  е 20 евра)

  • Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра.
  • сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1евро=62 денари)