Хотел ” Golden Beach “- Mетаморфозис 2020

630

Хотел “GOLDEN BEACH” – Метаморфозис

Хотелот “Golden beach” е лоциран на 20m од плажа во Метаморфозис. Хотелот располага со 45 соби, 1/2+1 со брачен кревет + нормално легло. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажа и море. Хотелот се наоѓа во област со борова шума и централниот парк и претставува одлична комбинација за релаксирање и одмор. Во склоп на хотелот има и базен кој е бесплатен за користење за гостите. Хотелот има сопствени лежалки на плажа кој се со доплата 5€ на ден (2 лежалки и чадор).
Максимално сместување:2 возрасни и 2 деца (1-во дете до 14 год. / 2-ро дете до 6 год.) или 3 возрасни лица.

Прво дете до 14 год – БЕСПЛАТНО  |  второ дете до 6 год – БЕСПЛАТНО  |  трет возрасен – 50% попуст 

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи (AI light), без превоз;
  • – All Inclusive Light програмата вклучува:
    – појадок – шведска маса од 08:00-10:00 часот,
         – ручек – избор од две главни јадења, гарнир и неколку видови салата од 13:00-15:00 часот,
         – вечера – шведска маса, 4 главни јадења, гарнир и салати.. од 19:00-21:00 часот,
    – локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 12:00-17:30 часот и од 19:00-21:00 часот.
    – секој петок навечер бесплатни коктели, секој ден бесплатен сладолед од 15:00-16:00 часот.
  • –  КЛИМА и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО;
  • –  Организиран превоз од: Штип; Куманово; Скопје; Велес; Неготино; Струмица; Удово; Гевгелија;
  • –  Цените се израени во евра за уплата во денарска против вредност 1€ = 62 мкд.
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  Прво дете до 14 год со 2 возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
  • –  Второ дете до 6 год со 2 возрасни лица – БЕСПЛАТНО;
  • –  Трето возрасно лице на редовно легло – 50% попуст;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца  до 12год. Деца до 2год – бесплатно (без седиште).
  • –  Доплата за туристичка такса – 1,5€ од ден по соба од ноќ (се плаќа на рецепција);
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за патничко осигурување.