Хотел ” Grand Gold 4* ” – Кумбургаз 2021

64

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.

За вас го имаме фантастичниот ГРАНД ГОЛД Хотел 4*

Хотелот Гранд Голд 4* се наоѓа во централниот дел на Кумбургаз. Располага со голем базен кој е исполнет со солена вода, сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, а исто така и бар во делот кај базенот каде гостите можат да се освежат со кафе, коктел или некоја закуска. Исто така, за сите гости во пределот на плажата и базенот, хотелот секојдневно обезбедува пешкири за користење. Она што ги привлекува гостите да се чувствуваат убаво е пријатниот амбиент, љубезниот персонал и турската гостопримливост.

Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби, а распоредот на собите го прави хотелот пред пристигнувањето на гостите. Во целиот објект има бесплатно ви-фи, а во секоја соба има клима уред и пешкири.

                    15% попуст за уплата на 30% до 15.04.2021

Поаѓањето за турите е еден ден пред реализацијата на аранжманот во вечерните часови од Скопје (Дрводекор)

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања со појадок и автобуски превоз
•Доплата за вечера 8 евра по лице од ноќ (се плаќа во хотелот по желба)
• ТРАНСФЕРИ: Битола, Прилеп, Дреново, Росоман, Велес – доплата 10евра по лице
• Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби
Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз, а на редовните се одземаат 20евра за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10евра (освен првите две).
•Во секое време на лице место ќе има претставник од нашата агенција кој ќе се погрижи за вашиот престој да е што попријатен и позабавен
•Со оваа програма важат општите услови за патување на Т.А.Весна Турс

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА (услови поставени од самиот хотел):

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 8 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, доколку е придружувано од двајца возрасни
  • Едно дете со еден возрасен плаќа целосна сума

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по турско време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од собите на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Хотелот има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.

ПРОГРАМА:

  • ПРВ ДЕН:Собир на групата на Дрводекор (Скопје) на одредениот датум во вечерните часови и поаѓање према Кумбургаз. Патот не води преку Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир (дозволен транзит низ Бугарија). Попатни паузи за царински формалности и одмор.
  • ВТОР ДЕН:Пристигнување во утринските часови во Кумбургаз. Групата има време да се освежи на рецепцијата или во делот кај базенот додека да дојде времето за сместување во собите (14ч по турско време). Сместување и одморот може да започне.
  • ТРЕТ до ОСМИ ден:Покрај одмор и уживање во овие денови, еден од нив ќе биде резервиран за прошетка и посета на величествениот град Истанбул, а секако ќе има и денски и ноќни активности за кои ќе се погрижи нашиот претставник од агенцијата кој постојано ќе биде таму.
  • ИСТАНБУЛ (целодневна екскурзија со пакет 60€ по лице)
  • По појадокот групата се упатува на факултативна посета на градот Истанбул, каде што следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат три прекрасни места во Азија, џамијата на претседателот Ердоган, потоа местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место, да прошетате и да се напиете кафе.
  • По завршувањето на овие посети, предвидено посета на трговски центар за шопинг.
  • Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
  • ДЕВЕТТИ ДЕН:Одјавување од собите во утринските часови. Куферите се оставаат на рецепцијата и слободно време на базенот и плажата додека да дојде време за поаѓање кон Македонија. Поаѓање во договорено време и планирано пристигнување во доцните вечерни или раните утрински часови.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.