Хотел ” Ismini ” – Амулиани

1079

Амулиани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција.

Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња…
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно за нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

Хотелот Исмини е лоциран на 300 метри од пристаништето во Амолијани, во мирниот дел од гратчето. Располага со двокреветни соби и двокреветни со дополнително( нестандардно) легло, опремени со тоалет, ТВ , клима уред, интернет и балкон. Појадокот е шведска маса.

  • Цените во табелите се дадени по лице за 10 ноќевања со појадок
  • Појадокот е шведска маса
  • дете до 3 години во двокреветна соба со двајца возрасни БЕСПЛАТНО (добива легло)
  • дете од 3-12 години во двокреветна соба со двајца возрасни плаќа 3.100мкд (50 евра)

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Цените во табелите се изразени за наем на цело студио/апартман за  10 ноќевања.
  • Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.790 мкд. (45 евра) – автобус; 3.410 мкд (55евра) – мини бус

  • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) – автобус ; 2.790 мкд (45 евра) – мини бус 
  • Деца до 2 години бесплатно,без седиште

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.