Хотел ” Memento Perissa 3* “- Санторини 2018

258

САНТОРИНИ 2018

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови.

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.

Memento Perissa се наоѓа на 180 метри од плажата Black Sandy Beach. Плажата е преполна со ресторани, таверни и секако со beach барови кои организираат како дневни така вечерни забави. Сите соби имаат купатило, TV. На гостите им е овозможен Wi Fi пристап во заедничките простории на сместувањето. Сместувањето располага со сопствен базен.

Напомена: 

  • Цените во табелата се за 7 ноќевања со вклучен појадок, авинонска карта и трансфер (аеродром – хотел – аеродром), за во наведениот период.
  • Доколку сакате дополнително да одберете термин, а почетокот на терминот е во еден период, а завршувањето на терминот е во друг период цената дополнително се утврдува.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • 7 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 или 1/4 соби/апартмани во избраниот Хотел
  • Повратна авионска карта на релација Солун – Санторини – Солун
  • Трансфер од аередром – хотел – аеродром
  • Багаж од 20 кг.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Меѓународно патничко и здравствено осигурување 450 денари
  • Аеродромски такси – 40 евра
  • Трансфер до Солун.