Хотел ” Pantheon “- Олимпик Бич 2020

431

Хотел “PANTHEON” – Олимпик Бич

Хотел“Pantheon”е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студудиа со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2 – 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен   интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со*, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.