Хотел ” Pantheon ” – Олимпик Бич

1499

Хотел“Pantheon” е лоциранна сама плажа воОлимпикБич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите.Хотелот располага со следната структура: 1/2 – 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен  интернет во собите, како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилско дизајниран ресторан,“Remezzo”,со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување напијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ.

 

   НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Студијата со поглед море имаатдиректен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од хотелот.–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за клима 5€ од ден (на рецепција);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.