Хотел ” Yenny 3* ” – Сивири 2018

1444

Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла.

Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето.

Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот.

 

Услови под кои важи аранжманот

*HB (Half Board / Полупансион):

  • Доручек 08:00-10:00ч. на база шведска маса
  • Вечера 19:30-21:30ч.  на база шведска маса
  • НАПОМЕНА:   – Цените  се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН  за број на ноќевања дадени во табелата

    – Прво и второ дете, од 0 до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

    – Прво и второ дете, од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30% од цената во табелата

    – Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата

    – Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот

    – Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот

    – Сместување во собите е во 13 часот по локално време а напуштање на апартманите е во 10 часот по локално време

    – За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%

    – Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

    – Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:

    • возрасни: 35 €
    • деца од 2 до 12 години: 25 €
    • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус)