Јужна Италија – Мај 2020

1375

ЈУЖНА ИТАЛИЈА

БАРИ , АЛБЕРОБЕЛО , ОСТУНИ, МАТЕРА И ЛЕЧЕ

                                        ТЕРМИН – 20/05 – 25/05/2020

 

1 ДЕН – 20/05/2020(СРЕДА)- СКОПЈЕ –ДРАЧ – БАРИ

Состанок на групата на Дрводекор во 12:00 часот. Поаѓање кон Драч со попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и ноќевање на траект .

2 ДЕН -21/05/2020(ЧЕТВРТОК)-БАРИ

Пристигнување во Бари во утринските часови, трансфер и  сместување во Хотел во попладневните часови. По краткиот одмор во договорено време разглед на Бари со стручен водич, посетна на Базиликата Св.Никола, стариот град и слободна вечер за посета на многуте кафетерии и ресторани надалеку познати по морските специјалитети. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН – 22/05/2020(ПЕТОК) – БАРИ – МАТЕРА

Појадок. По појадокот полудневен излет до Матера. Матера е град во областа Базилика во Јужна Италија,  бил главен град во оваа област од 1663 до 1806 год. Градот лежи на камениот кањон наречен Гравина. Познат по својата зачувана автентичност, градот е под заштита на УНЕСКО и во 2019 година е прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност. Тука можете да пиете кафе или  пулиски ликер во пештера стара 2000 години, да ја посетите надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 год. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен , Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектурата. Градот е сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта и единствен што го обезбедува чувството дека чекориш „Таму каде што времето застанало “. Moжност за прошетка над пештерските куќи стари 9000 години, чувствувајки се како да си во некоја машина која те враќа назад во времето и те шета низ вековите. Градот брои 62 000 жители, а заради уникатната архитектура во него се снимани над 40 Холивудски филмови. По враќањето во Бари слободно време за индивидуални активности, можност за сите љубители на италијанската храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. Ноќевање.

4 ДЕН – 23/05/2020(САБОТА) – БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО ОСТУНИ

Појадок. Во 08:00 часот поаѓање за Алберобело, мало гратче одалечено околку 70 км од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици и култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони познати под името „трули” градени на ова место уште во XV век. Денес најголемиот дел од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оргиналноста на овој град како од бајките. По разгледот на Алберобело посета на POLIGNANO A MARE – градот на карпа на Доменико Модуњо, кој ќе ве воодушеви со живописната убавина и неговата уникатност. Во однапред договорено време поаѓање на целодневен излет Остуни. Остуни е познат како белиот град до кој се пристигнува по „патот на маслинките “ по кој ке имате можност да го почувствувате  мирисот на маслинките и да уживате во уникатниот панорамски поглед на полињата со маслинки. Белите куќички, трошни, оригинални, понекаде обоени сино, понекаде со обоени врати украсени со форми од цветови од јасмин или бегонија, ќе направат за момент да се поколебате дали сте во Италија или на познатите грчки острови Санторини или Миконос. Од највисокиот дел на градот има незаборавен поглед на Јадранското море и полињата со маслинки. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН – 24/05/2020 (НЕДЕЛА) – БАРИ – ЛЕЧЕ

Појадок. По појадокот во договорено време следи поаѓање за Лече –  град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија,  но познат и по единствениот барок својствен само за Лече. Покрај големиот број на барокни цркви, од кои најпозната е главната базилика Св.Крст, тука можат да се посетат и катедралата Дуомо, црквата Св.Никола и дворецот, добро сочуваниот амфитеатар од II век, Piazza Oronzo, замокот Карло V, статуата на Св.Лоренцо – заштитник на градот Лече. Слободно време за индивидуален разглед на градот, прошетка по локалните улици и продавници како и можност да се вкусат познатите италијански специјалитети надалеку познати во светот по својот уникатен вкус. Во вечерните часови враќање кон Бари, качување на траект во 21:00часот. Ноќна пловидба кон Драч и ноќевање на траект во кабини.

6 ДЕН – 25/05/2020 (ПОНЕДЕЛНИК) – ДРАЧ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Драч околу 07:00 часот. Разглед на градот со водич и во 13:00 часот поаѓање за Македонија со попатни одмори и застанувања поради царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 249€ (15.500 ДЕН ) ЗА УПЛАТА ДО  31/12/2019

РЕДОВНА ЦЕНА – 269€

  МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА 6 РАТИ

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со автобус Скопје – Драч – Скопје

-Хотелско сместување во Бари во Хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок

-Траект Драч – Бари – Драч (кабини со доплата )

-Претставник од агенцијата и водство на патот

– Посета на Драч

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО :

Факултативна посета на Матера – 20€

– Факултативна посета на Арбелобело и Остуни  – 45€

-Факултативна посета на Лече – 20€

НАПОМЕНА :

– За реализација на програмата потребни се минимум 40 патници

-Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 €=62 денари

-За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30% , Целосна доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-Останатите услови на патување важат според програмата на Т.А.ВЕСНА ТУРС

-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање