Истанбул (3 ноќевања) – Велигден

190

ТЕРМИН  – 29/04 – 03/05/2021

Прв ден – четврток (29.04.2021)

Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – петок (30.04.2021)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата, како и Сулејмание Џамијата, местото каде се погребани Султанот Сулејман и неговата жена Хурем.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул.

По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.

Трет ден – сабота (01.05.2021)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Веселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.

Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџе. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Следуваат уште две прекрасни места во Азија, а тоа е местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетата и да се напиете кафе. Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден – недела (02.05.2021)

По појадокот ве водиме на прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови со посета на Buyuk ada (Големиот остров). Овој архипелаг се состои од 9 острови и тука е забранета употреба на моторни возила, а главно превозно средств е коњската кочија – Пајтон. Можност за ново искуство, прошетка со пајтон околу островот. Местото е прекрасно, пошумено, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Ова е местото каде императорот Јустин 1ви, внукот на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Можност за слободно време и ручек во еден од многуте рибни ресторани или едноставно уживање крај бреговите. Враќање во хотел по пладневните часови.

Вечерта посета на еден од најголемите и најнеобичните аутлети инспириран од прекрасната Венеција, трговскиот центар „Виа Порт Венеција“ (вклучено во цената). Долж целиот трговски центар можете да уживате во импровизираните венециски канали и гондоли, како и репрезентации на најголемите атракции и најпознатите историски знаменитости на прекрасниот италијански град. Тука имате достапни голем број на турски и интернационални брендови по многу поволни цени, како турскиот Waikiki, светскиот бренд Guess и безброј други брендови. Трговскиот центар има надворешен отворен дел со продавници и венециски канали, и подземен каде има уште поголем избор за шопинг. Сите детали за овој аутлет можете да ги погледнете на овој линк: http://veneziamegaoutlet.com/ По завршувањето на оваа посета, враќање во хотел. Ноќевање.

Петти ден – понеделник (03.05.2021)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2, а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

                                 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 €

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели

– Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

– Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија,

– Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

– Посета на аутлетот Виа Порт Венеција (http://veneziamegaoutlet.com/)

– туристички пратител за време на престојот

– организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување

– Факултативните излети:

– Крстарење по Босфорот и посета на Вселенската патријаршија – 20 €

– Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 €

– Топкапи палатата со лиценциран водич –20 €

– Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 €

– Принцески острови – 20 €

– Туркуазу Аквариум со влезница – 15 €

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 45 €

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган), Видиковецот Чамлиџа, Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул
– Посета на аутлет Виа Порт Венеција

GOLD – 55 €

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган) која се наоѓа на брдото Чамлиџа,
Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул

PREMIUM – 95 €

– Топкапи палатата со влезница и водич
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган) која се наоѓа на брдото Чамлиџа,
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
– Долмабахче палатата со влезница и водич
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул

ВИП – 120 €

Топкапи палатата со влезница и водич
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган), Видиковецот Чамлиџа, Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
Долмабахче палатата со влезница и водич
Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
Принцески острови
Туркуазу Аквариум
Посета на трговски центар Форум Истанбул
Посета на атлет Виа Порт Венеција

 НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– Резервација може да направите со уплата од 1000 ден. а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање.
– Се патува без PCR тест (одлуката за патување во Република Турција со приложување на негативен PCR тест важи до 01.03.2021)
– Доколку сме спречени да го реализираме патувањето поради моменталната ситуација, уплатени средства ќе бидат рефундирани во целост.
– Хотелот ќе биде објавен 2 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 160 денови од денот на патувањето
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А.Весна Турс