24 Мај Крстарење по Халкидики и Атос

430

КРСТАРЕЊЕ ПО ХАЛКИДИКИ И АТОС

” Царство без круна, држава без војска,

мудрост без школо,кујна без месо,

богатство без пари,земја без жени!!!”

СВЕТА ГОРА

Автобус + Брод

 

24 Мај (Четврток) КАСАНДРА

Состанок на групата и заминување за Р.Грција во раните утрински часови.Влез за Р.Грција кај граничниот премин Богородица.По граничните формалности патот продолжува за Солун, и посета на црквата Св.Димитрија.Потоа посета на шопинг центарот „Космос“.Слободно време за шопинг.Заминување на групата кон Халкидики. Сместување во студија и апартмани во Неа Потидеа. Време предвидено за oдмор,плажа… Во вечерните часови посета на гратчето Афитос – карактеристично по својата архитектура и местоположба.Враќање во Неа Потидеа.Ноќевање.

 

  1. Мај (Петок) КАСАНДРА – АТОС

Во 08:00 часот заминување со автобус за Ормос- мало гратче сместено на Ситонија, од каде почнува предвиденото крстарење со брод околу Атос- третиот крак на Халкидики на кој се наоѓа „СВЕТА ГОРА“ манастирска држава со непрекината историја од 1000 год. На бродот ќе биде објаснето за секој манастир поединечно на македонски јазик. После крстарењето предвидена е двочасовна пауза во Уранополис,единствено туристичко место на третиот крак. Во попладневните часови враќање со автобус за Касандра. Одмор. Ноќевање.

 

26 Мај (Сабота) КАСАНДРА – СИТОНИЈА

Во 09:00 часот заминување кон Ормилија на вториот крак Ситонија, посета на женски манастир “Успение на Пресвета Богородица “ и запознавање со монашкиот живот и ракотворбите на монахињите,посета на машкиот манастир “Св.Арсение” кој воедно претставува меток од Светогорските манастири.По посетата заминување кон ресортот Сани Бич ,слободно време за плажа,шопинг во реномирани бутици.Во вечерните часови враќање во неа Потидеа

 

27 Мај (Недела) НЕА ПОТИДЕА – МАКЕДОНИЈА

Слободно време за одмор плажа и рекреативни активности во Неа Потидеа. Во попладневните часови враќање за Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  6.500 ден

Деца до 12 год. плаќаат : 4.800 ден

 Цената вклучува-

  • Превоз со климатизиран туристички автобус према програмата;
  • Прганизирани разгледи според програмата;
  • Крстарење по АТОС со појаснување за секој манастир
  • 3 ноќевања во апартмани/ студија;
  • Организација и водство на патувањето;