24 Maj на Островот Крф

405
  1. МАЈ НА ОСТРОВОТ КРФ

(23.05.2018 – 27.05.2018)

Прв ден: 23.05.2018 год. (среда)

21.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 23.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции „Атлантик Турс“) кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони.  Ноќно возење кон пристаништето Игуменица од каде продолжуваме кон островот Крф.

Втор ден: 24.05.2018 год. (четврток)

Пристигнување на пристаништето Игуменица во утринските часови. Превоз со траект до Крф, островот на сонцето и цвеќето. Сместување во хотел „Bintzan Inn“ 3*** во двокреветни соби (www.bintzaninn.gr). Краток одмор од патувањето. Потоа организирано заминување на разглед на градот со локален туристички водич. Посета на Палатата Ахилион-омилената летна резиденција на австриската принцеза Елизабета, позната по прекрасните градини и тераси украсени со скулптури. На едниот крај од градината се наоѓа  скулптурата од мермер на Ахил погоден во единствената слаба точка-петата, ремек дело на германскиот вајар Ернест Густав Хертер, а на другиот крај, на големата тераса која гледа кон градот Крф е победничкиот триумфален Ахил, скулптура од бронза. Разгледот на Крф продолжува со посета на Старата и Новата тврдина, Заливот Канони со Понтихониси (Островот на глувците), Црквата Влахерна (заштитни обележја на Крф), центарот на градот и плоштадот…Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 25.05.2018 год. (петок)

Појадок. Ден за индивидуални активности. Доколку дозволат временските услови, планирано е поголем дел од денот да се помине на плажа. Хотелот располага со сопствен надворешен базен кој е на располагање на гостите. Ноќевање.

Четврти ден: 26.05.2018 год. (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување со локален туристички водич кон првото туристичко место на островот-селото Палеокастрица и посета на Црквата „Света Богородица“. Попатна посета на Фабриката за слатко од уникатните минијатурни јапонски портокали „Комкуат“ кои вегетираат на овој остров. Слободно време за активности на плажа и индивидуални прошетки во селото Палеокастрица. Во попладневните часови заминување кон пристаништето и од таму со фериброд кон Игуменица. Продолжување на патувањето кон Македонија. Пристигнување во Македонија во недела, на 27.05.2018 во утринските  часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ…….99 евра (6.140 денари)

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз на наведената релација со туристички автобус

– Трансфер со брод на релација  Игуменица – Крф – Игуменица

– Две ноќевања со појадок во хотел „Bintzan Inn“ 3*** на Крф

– Организација на аранжманот и туристички придружник  на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Посета на Палатата Ахилион -10 евра ( вклучена влезница и локален водич)

– Патничко осигурување

Услови за деца: Деца до 2 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус). Од 2-12 години плаќаат 80 % од аранжманот.

 Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници