Xотел ” Sarti Beach ” – Сарти

1003

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина најмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. од Солун и 240 км. од македонската граница.

Приземје, 1 кат

Капацитет: 4 соби од 20 во целиот објект
Оддалечност од море: прва линија на море
Структура:
Трокреветно студио и четворокреветен апартман на приземје, имат комплетно опремена кујна, тоалет, тераса(поглед море), тв, интернет, клима (се доплаќа).
Четворокреветни дуплекси со две одвоени соби, четири единечни кревети. Комплетно опремена кујна, тоалет,  тераса (поглед море), тв, интернет, клима (се доплаќа).
Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина најмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. од Солун и 240 км. од македонската граница.
Хотелот “Sarti Beach” е  сместен во првиот ред на плажата кон крајот на Сарти. Објектот има базен и кафе-бар.

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, плаќање исклучиво во денари
  • Вонсезонските цени се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вкучен автобуски превоз
  • За користење на сопствен превоз, се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, од вонсезонските цени
  • Сезонските цени се за наем на апартман/дуплекс за 9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и завршување на аранжманот
  • Тргнување од Скопје во 03.00 часот, состанок на групата во 02.30 часот, за оние кои користат организиран автобуски превоз, истиот чини:
    • Возрасни 2.170мкд. (35 евра)
    • Деца до 12 години 1.550мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Максимум дозволено, сместување на едно дете до 6 години над бројот на кревети во секој апартман / дуплекс
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата