Вила ” Mitikas “- Неи Пори 2021

69

Неи Пори е место, кое сеуште претставува нај урбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.

Вила Митикас се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 7соби од кои ( 4 студија1/3, 2 студија 1/4,апартман 6 1/3+1/3.Вилата се наоѓа 80 м одалечена од плажа .Wi-fi – бесплатно додека климата е со доплата.

 Цените се за наем на апартман за 7 ноќи

  • Во студијата e дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет т.е. број на кревети. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
  •  Сите попусти за деца и трети лица важат при сместување во соба со 2 возрасни лица
  •  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување уплатената аконтација не се враќа
  •  Поради генерално чистење на студиата  после секоја смена, студијата се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат после 14:00 часот по локално време
  • Хигиената во собата си ја одржувате сами за време на престојот
  • Користењето на климата е со доплата на лице место .
  • По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • Aгенцијата  не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените на самата агенција.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

• Задолжително патничко и здравствено осигурување – инфо во агенцијата
• За користење на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена
• Превоз: возрасни 35 € (повратен билет) / 25 € (1 правец), деца од 2-12 години 25 € (повратен билет) / 20 € (1 правец)
• Цените се изразени во € – евра , по курс 1 € = 62 мкд