Атина – Нова Година 2025

189

Програма

29.12.2024 (Недела) Скопје – Атина- Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

30.12.2024 (Понеделник) – Атина- Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

31.12.2024 (Вторник) – Атина – Пелопонез- Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време враќање кон Атина, а по пат  ќе го видите панирамски  градот Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција.. Враќање во хотел. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.

01.01.2025 (Среда) – Атина – Пиреја- Сунион-После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2025 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01 Вторник.

ПРОМО ЦЕНА 159 eвра /9.858  мкд за резервации до 31.10

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра /11.098 мкд

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во центарот на Атина
  • Дочек на Нова Година на плоштад во Атина
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и туристички пратител во текот на патувањето

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (12 евра)
  • Посета на Пирејa и Сунион (20€)
  • Влезница за во Акропол со водич (30 еур)
  • Туристичка такса 4евра за двете вечери( се плаќа во автобус)
  • Индивидуални трошоци
  • Пакет факултативи 90 евра

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.ВЕСНА ТУРС  и СКТМ