Услови за патување

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Во цената се опфатени само условите наведени во програмата,
Организаторот може да ги зголеми цените на аранжманот и да бара доплата од патникот доколку е дојдено до промени на цените на хотелските услуги, промени на тарифата на превозот и промени на курсот на пазарот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ПРЕСМЕТАНО СЛЕДНОТО

Трошоците кој патникот ке ги направи самиот/ телефонски разговори / собен сервис пијалок и храна кои не се предвидени во програмата, трочоци за носење на багажот, трошоци за телефонски разговори од соба , трошоци за факултативни излети, аеродромски такси кои не се предвидени во програмата.

РЕЗЕРВАЦИЈА-УПИС

При резервација странката уплака 30% од вредноста на аранжманот, остатокот се уплака најдоцна 7 дена пред погање.

ОТКАЗИ

Во случај на отказ патникот е должен да плати ;
• за отказ до 2 дена пред погање се задржува износ од 90% од цената на аранжманот
• за отказ од 3-5 дена пред погање се задржува износ од 70% од цената на аранжманот.
• за отказ од 6-15 дена пред погање се задржува износ од 50% од цената на аранжманот
• за отказ преку 15 дена пред погање се задржува износ од 10% од цената на аранжманот
АВАНС: ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ АВАНСОТ НЕ СЕ ВРАКА !

ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИЗАТОРОТ:

Организаторот не може да ја превземе одговорноста за штети кои би можеле да настанат со измена на програмата настанати од виша сила. Организаторот го задржува правото да го откаже или одложи патувањето во случај на недоволен минимален број на патници предвиден според програмата , најмалку 7 дена пред погање . Во тој случај организаторот е должен да му ја врати на патникот уплатата во целост во рок од 8 дена од отказот и патникот не може да даде никкаво обештетување. Организаторот, од оправдани причини делумно може да ја измени програмата , а при тоа да го извести патникот најмалку 7 дена пред погање, ако патникот се откаже од патувањето да му ја врати во целост уплатената сума во рок од 8 дена. Организаторот може, од оправдани причини да изврши промена на договореното сместување во објект од иста или повисока категорија ( на своја сметка ) а во случај во замена за пониска категорија ке го обештети патникот во износ од стварната разлика во цената помегу двете сместувања.

ПАТНИ ИСПРАВИ:

Секој патник е должен да обезбеди важечки пасош за патување во странство. Организаторот не превзема никаква одговорност доколку пасошот е неисправен или доколку патникот го изгуби пасошот. Оргаиизаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или доколку емиграционото одделение на странската земја во која се патува не одобри влез во истата. Сите евентуални настанати трошоци ги сноси самиот патник.

БАГАЖ:

Во случај на оштетување или губење на багажот, барањето за надокнада и обештетување патникот е должен да го поднесе директно во авио-компанијата или дирекцијата на хотелот, или агенцијата која го врши автобускиот превоз, во зависност каде е багажот изгубен, со помош на претставник на агенцијата.

РЕКЛАМАЦИИ:

Сите рекламации патникот е должен да ги направи на лице место со писмена изјава на водичот/организаторот на патувањето во писмена форма. По враќањето патникот е должен во рок од 8 дена да се обрати на организаторот на патувањето по писмен пат. Рекламации кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да се земат во обзир.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

Согласно угостителските правила гостинот има право да ја користи собата од 9.00 часот на денот на пристигнувањето, и најдоцна до 10.00 часот на денот на заминување. Во случај да не се одјави собата до 10.00 часот, хотелот наплаќа трошоци за уште еден ден. Доколку патникот од било кои причини сам го прекине патувањето, против-вредноста на неискористените услуги не се рефундира. Хотелот е должен да ги пружи само оние угостителски услугi кои се наведени во ваучерот. Ваучерот е важечки само доколку гласи на име на доносител. Во случај на болест во текот на користењето на аранажманот трошоците за лечење или евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќање во земјата трошоците за лекување можат да се надокнадат со соодветна документација, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување.