За Нас

Туристичката агенција Весна-Турс е формирана во 1992 година, со седиште во Кочани, а во 2004 година е отворена деловна единица во Скопје. Неа ја сочинува стручно обучен персонал кој зборува повеќе странски јазици, со генерален менаџер г-ѓа Весна Филипова.
Агенцијата поседува ЛИЦЕНЦА А бр:175 и ги исполнува сите услови за комплетна туристичка вредност.

Координаторите во агенцијата избираат дестинации кои одговараат на старосната граница на туристите и овозможуваат да се задоволат барањата на секој турист. Агенцијата нуди дестинации кои го опфаќаат Балканот, Европа и пошироко. Во летната сезона нуди аранжмани кои го подржуваат стандардот на нашиот пазар. Најшироко застапена дестинација на оваа агенција е нашиот јужен сосед Р. Грција, со ексклузивни места кои овозможуваат одличен годишен одмор.

Туристичката агенција Весна-Турс има склучено договори за меѓусебна соработка со странски туристички оператори од повеќе држави. Таа подготвува и разработува програми и за странски туристи кои ја посетуваат Македонија, обезбедувајќи им хотелско сместување, трансфери, водичи и други услуги. Тие програми се одлични за запознавање на странските туристи со културата, историјата и менталитетот на македонскиот народ. Нив ги промовира на меѓународни саеми за туризам, подржана од министерството за економија и од секторот за туризам.

Агенцијата професионално резлизира и екскурзии на сите дестинации во земјата и странство, под водство на стручни лица.

Туристичката агенција Весна-Турс нуди и авионски и автобуски превоз до различни дестинации.