HomeАтосВила Арменос Елеганс - Јерисос

Вила Арменос Елеганс – Јерисос

Вила Armenos elegance apartments се наоѓа во Јерисос на 50 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет апартман, петокреветен мезонет апартман со дополнително легло и шестокреветен апартман со можност за сместување на максимум  6возрани и 2деца. Собите се луксузно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна, клима (вклучена), wi-fi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и тераса. Паркинг на 20 мерти од вилата.

1/4 мезонет – број 2 – се наоѓа на втор спрат со страничен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет и балкон. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.

1/5 мезонет апартман – број 1 – се наоѓа на втор спрат со директен поглед на море. Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 5 возрасни и 1 дете до 12 години.

1/6 апартман – број 3 – се наоѓа на прв спат со страничен поглед на улица. Дневен престој со кујна и трпезарија во која се наоѓа софа на спуштање за 2 возрасни лица и 2 кревети на спрат. Има посебна просторија со брачен кревет. Во овој апартман може да се сместат максимум 6 лица .

РАН БУКИНГ 10% ПОПУСТ 

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 17.01.2026.

ТерминНоќевања1/4 мезонета1/5 мезонета апп1/6 апп
31.057 ноќи350370400 
07.067 ноќи390430450 
14.067 ноќи450 €490 €55
21.067 ноќи490 €550 €590 
28.067 ноќи590 650 €690 €
05.077 ноќи730 800 €840 €
12.077 ноќи830 920 940 
19.077 ноќи930 1020 1140 €
26.077 ноќи1040 1140 1240 €
02.087 ноќи1040 1140 1240 €
09.087 ноќи1040 1140 1240 €
16.087 ноќи1040 1140 1240 €
23.087 ноќи1040 1140 1240 €
30.087 ноќи870 €950 €1090 
06.097 ноќи690 €780 €890 
13.097 ноќи590 €680 €720 
20.097 ноќи490 €550 €590 

 НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 21 евра по студио/апартман се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Most Popular