HomeХалкидикиКасандраВила Изи Лукс -Неа Потидеа

Вила Изи Лукс -Неа Потидеа

Вила “ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет. Структура и распоред на студија: 1/3 студија, брачен и единечен кревет. Студијата се на високо приземје и I-ви кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година .

EARLY BOOKING – Лето 2026

   7% попуст за резервации до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.03.26)


НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи / 8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио  – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7ноќи  /8дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио  плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;

–  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата  после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат 14 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Гевгелија;

–  Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги
остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
–  Wi-Fi интернет и клима – вклучени во цената;

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме  5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

–  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)



Most Popular