HomeЛето 2026Вила Мариа - Неа Флогита

Вила Мариа – Неа Флогита

Вила ”Maria ” е лоцирана во центарот на Неа Флогита, 50 метри од плажа, во близина на хотел ”Corfu”. Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тeраса, WC, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тeраса и има lcd-tv со тотал TV).

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата – 2 евра од ноќ.

BLACK FRIDAY – 15%

за резервации до 05.12.25, уплата 50% веднаш и 50% до 31.12.25

За резервација до 31.01.2026 – 10%

Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

Попустот НЕ важи за промо цeните!

Цени за наем на апартман

ТерминиБр. ноќевања1/4 Апартман
23.05.20267160 промо
30.05.20267240
06.06.20267360
13.06.20267450
20.06.20267500
27.06.20267560
04.07.20267660
11.07.20267720
18.07.20267720
25.07.20267730
01.08.20267730
08.08.20267730
15.08.20267720
22.08.20267650
29.08.20267550
05.09.20267450
12.09.20267340
19.09.20267190
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • A нгенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А.ВЕСНА ТУРС

Most Popular