HomeЛето 2026Вила Марија Хаус - Никити

Вила Марија Хаус – Никити

Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија, и е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат кафе барови, ресторани и таверни. Во градот има: три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.

Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 40 метри од плажа. Располагаме со трикреветен и петокреветен дуплекс апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон море.

Апартман бр.1

Трокреветен апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујната, еден кревет на расклопување, клима (вклучена). Во другата просторија има брачен кревет и сопствено купатило.

Апартман бр.2

Петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујна, од неа се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден брачен кревет, клима (вклучена) и сопствено купатило

РАН БУКИНГ 10% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 17.01.2026.

ТЕРМИННАЕМ1/3+1 апп1/5 дуплекс
24.057 ноќи350390
31.057 ноќи390450
07.067 ноќи450490
14.067 ноќи500550
21.067 ноќи550 €590 €
28.067 ноќи590 €690 €
05.077 ноќи690790
12.077 ноќи790 €890 €
19.077 ноќи890 €990 €
26.077 ноќи890 €990 €
02.087 ноќи890 €990 €
09.087 ноќи890 €990 €
16.087 ноќи890 €990 €
23.087 ноќи790890
30.087 ноќи620690
06.097 ноќи520 590
13.097 ноќи450 490
24.057 ноќи390 450

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Most Popular