Вила НИКИТИ 1 се наоѓа во мирен дел на почеток од градчето Никити,на само 30 метри оддалеченост од плажа.Вилата располага со 1/4 апартман и 1/7+1 мезонета.Собите се комплетно опремени со кујна и кујнски прибор, фрижидери и шпорет.Клима (вклучена во цена),Wifi,тоалет,пешкири,сопствен паркинг.Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на почеток на местото,со одлична местоположба која излегува речиси на сама плажа.
1/4 апартман – се наоѓа на приземје. Апартманот располага со две простории. Има брачен кревет во спалната соба и во другата просторија поврзана со кујна се наоѓаат 2 единечни кревети.Кујната е целосно опремена, исто така има тоалет и балкон. Може да се сместат максимум 4 лица.
1/7+1 мезонета – се наоѓа на прв спрат. Мезонетата располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби кои водат по горе по скалите,во едната има брачен кревет,додека во другата соба има кревети на спрат за 3 лица бидејки долниот дел од креветите на спрат се извлекува.Во дневната просторија поврзана со трпезарија и кујна се наоѓа кауч на спуштање за 2 лица.Кујната е целосно опремена,има тоалет,машина за перење алишта и балкон.Може да се сместат максимум 7 лица и 1 дете до 12 години (на заедничко легло).
Координати : http://skr.rs/zKGP
10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.03.2026
(минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)
| Термин | Ноќевања | 1/4 апп | 1/7 мезонет |
| 24.05 | 7 ноќи | 350 € | 500 € |
| 31.05 | 7 ноќи | 400 € | 550 € |
| 07.06 | 7 ноќи | 600 € | 850 € |
| 14.06 | 7 ноќи | 700 € | 950 € |
| 21.06 | 7 ноќи | 800 € | 1050 € |
| 28.06 | 7 ноќи | 900 € | 1150 € |
| 05.07 | 7 ноќи | 1040 € | 1450 € |
| 12.07 | 7 ноќи | 1200 € | 1550 € |
| 19.07 | 7 ноќи | 1300 € | 1650 € |
| 26.07 | 7 ноќи | 1300 € | 1650 € |
| 02.08 | 7 ноќи | 1300 € | 1650 € |
| 09.08 | 7 ноќи | 1300 € | 1650 € |
| 16.08 | 7 ноќи | 1300 € | 1650 € |
| 23.08 | 7 ноќи | 1200 € | 1650 € |
| 30.08 | 7 ноќи | 1040 € | 1390 € |
| 06.09 | 7 ноќи | 800 € | 1150 € |
| 13.09 | 7 ноќи | 600 € | 950 € |
| 20.09 | 7 ноќи | 450 € | 600 € |
| 27.09 | 7 ноќи | 400 € | 550 € |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место на сопствениците.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.


