HomeЛето 2026Вила Никити 3 - Никити

Вила Никити 3 – Никити

Вила НИКИТИ 3 се наоѓа во мирен дел на почеток од градчето Никити,на 400 метри оддалеченост од плажа.Вилата располага со три  1/4+1  апартмани со можност за достава на упте едно дополнително легло.

Собите се комплетно опремени со кујна и кујнски прибор,фрижидери и шпорет.Клима(вклучена во цена),Wifi,тоалет,пешкири,сопствен паркинг.Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на почеток на местото.

Сите апартмани  се наоѓаат на прв кат и истите располагаат со две простории. Има брачен кревет во спалната соба и во другата просторија поврзана со кујна се наоѓаат 2 единечни кревети со можност за достава на уште едно дополнително легло.Кујната е целосно опремена, исто така има тоалет и балкон. Може да се сместат максимум 4 возрасни и едно дете до 12 години.

Координати: http://skr.rs/zKfz

10% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.03.2026  

 (минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026)

ТерминНоќевања1/4+1 апп
24.057 ноќи300 €
31.057 ноќи350 €
07.067 ноќи550 €
14.067 ноќи650 €
21.067 ноќи750 €
28.067 ноќи850 €
05.077 ноќи990 €
12.077 ноќи1150 €
19.077 ноќи1250 €
26.077 ноќи1250 €
02.087 ноќи1250 €
09.087 ноќи1250 €
16.087 ноќи1250 €
23.087 ноќи1150 €
30.087 ноќи990 €
06.097 ноќи750 €
13.097 ноќи550 €
20.097 ноќи400 €
27.097 ноќи350 €

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место на сопствениците.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Most Popular