HomeХалкидикиКасандраВила Нико -Неа Потидеа

Вила Нико -Неа Потидеа

Куќа „Нико“ е лоцирана кон крајот, под борова шума, во најубавиот дел на Неа Потидеа, на 50 метри од море, со прекрасно уреден заеднички двор. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на приземје, на прв и на втор кат од куќата се максимално конформи, внимателно и темелно градени во традиоционален грчки стил. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената, терасите се свртени кон улица или планина. На приземјето е сместена рецепција каде што се пријавуваат гостите. Во собите има пешкири како дел од опремата.

За целосни уплати заклучно со 30ти јануари, 15% попуст на сите термини а 20% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевања1 и 2 лице3 и 4 лице
30.5 – 6.67139 x 255 x 2
6.6 – 13.67175 x 255 x 2
13.6 – 20.67219 x 255 x 2
20.6 – 27.67235 x 255 x 2
27.6 – 4.77249 x 255 x 2
4.7 – 11.77259 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

 Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања

ТерминНоќевањаТрикреветен апартманЧетирикреветен апартман
11.7 – 18.77490595
18.7 – 25.77525630
25.7 – 1.87560665
1.8 – 8.87560665
8.8 – 15.87560665
15.8 – 22.87525630

 Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТерминНоќевањаПлаќаат 1 и 2 лицеПлаќаат 3 и 4 лице
22.8 – 29.87239 x 255 x 2
29.8 – 5.97219 x 255 x 2
5.9 – 15.910239 x 255 x 2
15.9 – 25.910209 x 255 x 2

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

Бр. 1 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет во иста просторија со кујната и брачен – француски кревет во спална соба

Бр. 2 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Поглед кон двор. Брачен – француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 3 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен – француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.

Бр. 4 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед (лимитиран од страна) кон море. Брачен – француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.

Бр. 6 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Брачен – француски кревет и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.

Бр. 7 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Три единечни кревети во иста просторија со кујната.

Бр. 8 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Два единечни кревета во иста просторија со кујната и брачен – француски кревет во спална соба.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
  • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. “. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
  • За информациите добиени од вработените во агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, “ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а.  ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • т.а. не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.
ПРЕВОЗ
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Most Popular