HomeЛето 2026Вила Паскалиа -Псакудија

Вила Паскалиа -Псакудија

ПСАКУДИЈА е вистински медитерански бисер со долга песочна плажа,кристално чисто море и опуштена атмосфера идеална за семејства и парови.Опкружена со борови шуми и маслинови насади, ова мало приморско место нуди совршен баланс меѓу природен мир и уживања во таверни со традиционална грчка кујна,кафулиња на плажа,маркети и прошетки засенчени од борова шума по средените плажи.

Вила ПАСКАЛИА со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети.Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море.Вилата располага со трокреветно студио и четворокреветен апартман.Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН  ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕ НА: ПАРКИНГ ,КЛИМА УРЕД , WI – FI   ( БЕСПЛАТНО)

-За пакет аранжманот во СТУДИО, АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;

– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ОПИС НА СОБИТЕ

ОПИС НА СОБИТЕ

Студио БР.1   1/3  (3 ЛИЦА)

Студиото се наоѓа на втори кат.

Студиото располага со една просторија во која има еден дупол кревет и еден поединечен кревет отворен плакар за алишта, тв, клима.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер.Од студиото се излегува на тераса на која има маса со столици и поглед на море.

Апартман БР.6  1/2+1/1+1  (4 ЛИЦА)

Апартманот се наоѓа на први кат.

Апартманот располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер,тв и клима уред и има 1 поединечен кревет и еден помошен кревет за дете до 12 год. Во втората просторија има 1 дупол кревет, плакар за алишта, тв.Од кујната се  излегува на тераса на која има маса со столици и тенда и прекрасен  поглед на море. Апартманот располага со стандардно купатило и вц.

  •  Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
    – Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
    – Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
    – Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
    – За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
    – Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
    – Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
    – Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
    – Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
    – Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
    – Во случај на направена поголема штета во СТУДИОТО И АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
    – Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
    – Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
  • СТУДИОТО И АПАРТМАНОТ:
    ИМААТ КРПИ ;
    САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

Most Popular