Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.
1.Вонсезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица ) | ||||
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
( бр.2 и 5 )
|
1/3 студио
( бр. 1, 4 и 7 )
|
1/4 студио
( бр.3 )
|
18/05-25/05 | 7 | 89 | 99 | 109 |
25/05-01/06 | 7 | 119 | 129 | 139 |
01/06-08/06 | 7 | 139 | 149 | 169 |
08/06-15/06 | 7 | 189 | 199 | 209 |
15/06-22/06 | 7 | 239 | 249 | 259 |
22/06-29/06 | 7 | 249 | 259 | 269 |
* цена по лице со вклучен превоз
2. Сезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз | ||||
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
( бр.2 и 5 )
|
1/3 студио
( бр. 1, 4 и 7 )
|
1/4 студио
( бр.3 )
|
29/06-06/07 | 7 | 529 | 559 | 619 |
06/07-13/07 | 7 | 569 | 599 | 659 |
13/07-20/07 | 7 | 599 | 629 | 699 |
20/07-27/07 | 7 | 639 | 679 | 749 |
27/07-03/08 | 7 | 639 | 679 | 749 |
03/08-10/08 | 7 | 639 | 679 | 749 |
10/08-17/08 | 7 | 609 | 649 | 709 |
17/08-24/08 | 7 | 589 | 629 | 699 |
24/08-31/08 | 7 | 579 | 619 | 689 |
* цена за наем на студио
3. Вонсезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица ) | ||||
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
(бр.2 и 5)
|
1/3 студио
(бр. 1, 4 и 7)
|
1/4 студио
(бр.3)
|
31/08-07/09 | 7 | 239 | 249 | 259 |
07/09-14/09 | 7 | 199 | 209 | 229 |
14/09-21/09 | 7 | 149 | 159 | 179 |
21/09-28/09 | 7 | 109 | 119 | 139 |
* цена по лице со вклучен превоз
Студио бр. 1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.
Студио бр. 2 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.
Студио бр. 3 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.
Студио бр.4 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.
Студио бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.
Студио бр.7 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.