Вила “Akis” се наоѓа на самата пешачка зона во Олимпик Бич и на 20m од плажа. Вилата располага со 1/2 студија, 1/2+1 студија со две редовни и едно дополнително легло, како и дуплекс апартмани со две одделни спални и голема дневна соба во која има петосед на расклопување. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет,огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со поглед на море/плажа, клима, ТV-LCD , гардеробер, сушара. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартманите се на први и втори кат и имаат просторни тераси со поглед кон плажа/море и пешачката зона.
EARLY BOOKING – Лето 2025
15% попуст за резервации до 01.02.25
10% попуст за резервации до 01.03.25
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
- – Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата на автобуската постројка.
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- – Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата | Патни Информации | ||
Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје – Олимпик Бич (275km) |
Куманово: | (бензинска Макпетрол-Автопат) | 04:15h | Скопје – Катерини – Паралиа – Олимпик бич
Автопат (Е75) Трошоци во еден правец: |
Скопје: | (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) | 05:00h | |
Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:10h | |
Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
Поаѓање од Олимпик Бич: | 16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од вилата |