Вила ” Akrotiri “- Пефки

42

ВИЛА АКРОТИРИ – ПЕФКИ Покрај самото шеталиште во првиот ред куќи покрај море за наоѓа вила Акротири. На приземјето има кафе бар, а веднаш до вилата и супермаркет. Вилата располага со двокреветни студија со помошен кревет или фотеља кои се на прв спрат, дел од собите се со поглед на море, а останатите кон дворот. Секое студио е со комплетно опремена кујна, тоалети, тв, тераса и клима која е вклучена во цената.

Вилата нема сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.

-20% попуст за 50% уплата до 31.12 и целосна доплата до 01мај2025

 -15% попуст за 50% уплата до 01.02 и целосна доплата до 01мај2025

 -10% попуст за 50%уплата до 01.03 и целосна доплата до 01мај 2025

СМЕНА ПЕРИОД АКРОТИРИ-ПЕФКИ
1/2 МОРЕ 1/2 ПОЗАДИ
1 24.05-31.05 110 100
2 31.05-07.06 120 110
3 07.06-14.06 150 130
4 14.06-21.06 170 150
5 21.06-28.06 190 170
6 28.06-05.07 200 190
7 05.07-12.07 230 210
8 12.07-19.07 250 235
9 19.07-26.07 250 235
10 26.07-02.08 250 235
11 02.08-09.08 250 235
12 09.08-16.08 250 235
13 16.08-23.08 250 235
14 23.08-30.08 240 220
15 30.08-06.09 220 200
16 06.09-13.09 200 180
17 13.09-20.09 170 150
18 20.09-27.08 150 130

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис сместување во студио, трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!

! * За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице

Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратис сместување) 65 евра за возрасни, 45 евра за деца до 12 години

 

    • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
    • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
    • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
    • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
    • За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
    • Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
    • Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6 години.
    • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување (2 евра дневно по соба/апп)
    • Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,

ТА  не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани по едно студио.

Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.

 

Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

 

Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..

 

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

 

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжман кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.