На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.
Вила “Angela Zoi”e лоцирана на 800 метри од плажата Мегали Амос, во ценатарот на градот. Вилата располага со двокреветни, трикреветни, четирикреветни студија како и четирикреветни дуплекс апартмани. Сите соби се со комплетно опремена кујна, тоалет, балкон, ТВ, WiFi и клима уред.
12% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 01.2025 до 28.02.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 28.03.2025)
- Во цената е вклучено:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:
- *автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, за минимум 2 лица;
- * трето и четврто лице плаќаат според табелата;
- *прво и второ дете до 12 години плаќаат според табелата;
- * дете до 2 години бесплатно (без седиште);
- Во цената не е вклучено:
- БРОДСКА КАРТА ВОЛОС-СКИЈАТОС – ВОЛОС = 50 € / 3.100 мкд (за возрасен и за деца) се плаќа во автобус;
- Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
- Само автобуски превоз Скопје –Волос-Скопје 60 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска карта;
- Само автобуски превоз 50 € за возрасни, 40 € за деца до 12 год. – еден правец;
- За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 € за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
- НАПОМЕНИ:
- Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
- Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Ве молиме минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Попустите НЕ можeда се комбинираат помеѓу себе
- (на промотивните цени НЕследува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕможе да се комбинираат)
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени
- кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.
По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба.