Вила ” Asteria “- Eдипсос

46

Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.

Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.

-20% попуст за 50% уплата до 31.12 и целосна доплата до 01мај2025
-15% попуст за 50% уплата до 01.02 и целосна доплата до 01мај2025
-10% попуст за 50%уплата до 01.03 и целосна доплата до 01мај 2025

СМЕНА ПЕРИОД 1/2 СТД 1/3 СТД
1. 24.05-31.05 120 130
2. 31.05-07.06 130 140
3. 07.06-14.06 160 170
4. 14.06-21.06 180 190
5. 21.06-28.06 200 210
6. 28.06-05.07 220 230
7. 05.07-12.07 250 260
8. 12.07-19.07 250 260
9. 19.07-26.07 270 280
10. 26.07-02.08 270 280
11. 02.08-09.08 270 280
12. 09.08-16.08 270 280
13. 16.08-23.08 260 270
14. 23.08-30.08 260 270
15. 30.08-06.09 240 250
16. 06.09-13.09 220 230
17. 13.09-20.09 200 210
18. 20.09-27.09 150 160

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),
трето и четвтро лице гратис сместување во студио,
трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!!

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.

Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратис сместување)
65 евра за возрасни, 45 евра за деца до 12 години

Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман
Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбинираат
Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување (1.5евро дневно по соба/апп)

Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • ТА  не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна, а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.