Вила ” Litca ” – Неа Флогита

23

Вила  „Litca” е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката. Апартманот е на трет кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет, купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросет) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

GPS координати : 40.258538, 23.215667

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

 Цени за наем на апартман

Термини Бр. ноќевања 1/5 апартман
24.05.2025 7 140
31.05.2025 7 199
07.06.2025 7 299
14.06.2025 7 390
21.06.2025 7 450
28.06.2025 7 500
05.07.2025 7 600
12.07.2025 7 650
19.07.2024 7 650
26.07.2025 7 670
02.08.2025 7 670
09.08.2025 7 650
16.08.2025 7 650
23.08.2025 7 600
30.08.2025 7 500
06.09.2025 7 400
13.09.2025 7 300
20.09.2025 7 190

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.
  • Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Услови под кои важи аранжманот

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • Т.А.не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција.За овој аранжман важат Општите услови за патување на  ТА Весна Турс